Три гранати паднале денеска во Дамаск, од кои една во близина на кинеската амбасада.Едната граната паднала на околу 100 метри од амбасадата, а од истата биле запалени два автомобили, а неколку се оштетени.
Во близина на тоа место се наоѓа и Американскиот културен центар, кој е затворен веќе две години. Пред неколку дена гранати паднале и врз дипломатските претставништва на Ирак и на Русија во центарот на Дамаск.Минатата недела граната паднала врз зградата на ирачкиот конзулат, по што едно лице загина, а повеќе се повредени. Неколку дена претходно, бунтовниците испукале гранати кои паднале врз руската амбасада.
Инаку, владите на Кина, Русија и на Ирак силно ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


