Република Македонија ја има ратификувано Меѓународната конвенција за борба против допингот на УНЕСКО на 19 август 2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08).
Пристапувајќи и придружувајќи се кон принципите и целите на Конвенцијата, Република Македонија презема обврска да спроведе сопствена национална политика во однос на борбата против допингот во спортот. Национално координативно тело за борба против допингот во спортот е, всушност, Комисијата за антидопинг при Агенцијата за млади и спорт.
Покрај спроведувањето допинг-контроли изминатиот период, Комисијата е активна и во делот на мултилатералната соработка во рамки на Регионалната анти-допинг агенција која е дел од Светската анти-допинг агенција ВАДА. Повикувајќи се на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕСКО која преку инструментот на нејзина ратификација е дел од македонското законодавство, покрај обврските произлезени од овој правен инструмент за вршење допинг-контроли, Република Македонија, преку Националната антидопинг-комисија при Агенцијата за млади и спорт, и во претстојниот период ќе реализира годишни програми кои опфаќаат вршење допинг-контроли врз македонски спортисти, вклучително кампањи за подигање на свеста во оваа сфера на сите повикани страни вклучени во спортот.
Во таа насока, Агенцијата за млади и спорт аплицираше и за првпат од формирањето на Комисијата доби грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО во висина од 20.000 долари, средства кои ќе се употребат за развој на националната антидопинг-програма токму во делот на подигање на свеста на сите повикани страни вклучени во спортот каде што постои ризик од употреба на допинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО