| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ќе го почитува договорот од ОН за хемиско оружје

Сирискиот претседател Башар ал-Асад според она што британските медиуми го пренесоа, денеска изјави дека неговата земја ќе го почитува договорот постигнат во ОН за хемиското оружје.

-Ние се приклучивме кон меѓународната спогодба против стекнување и употреба на хемиско оружје, уште пред резолуцијата да биде усвоена, изјави Асад за италијанската телевизија „Раи њуз 24“, откако беше запрашан дали Сирија ќе се сообрази со резолуцијата на СБ на ОН, што беше изгласаната во петокот во Њујорк.

Резолуцијата бара да се уништи сириското хемиско оружје, но не соддржи закана за автоматски казнени дејствија против Дамаск доколку владата на Асад не се сообрази со неа.

-Во 2003 година Советиот за безбедност на ОН на целиот овој регион му предложи да се ослободи од ова оружје и Блискиот исток да се прогласи за регион ослободен од хемиско оружје. Затоа е јасно дека треба да ги почитуваме овие услови, тоа е дел од нашата историја. Ние треба да ги почитуваме сите договори, што ги потпишуваме, рече Асад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top