| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен малолетник кој крадел од чанти во Центар

lisici 2

А.Б..(16) од Скопје заработи кривична пријава поради основано сомнение дека  извршил четири кривични дела – “џебна кражба“ со што  противправно се стекнал со имотна  корист од околу 6.900 денари. Џебните кражби се извршени во периодот март/април оваа година во централното градско подрачје односно на подрачјето на Полициската станица од Центар.

Првото кривично дело пријавениот го извршил на ул. “11-ти Октомври“ поточно на Зелен Пазар каде ја искористил гужвата и невниманието на оштетената и со протнување на рака во чантата и украл паричник со лични документи, лични предмети и пари. Второто дело е извршено на ул. “Димитрие Чуповски“,  каде ја забележал оштетената и пришол просејќи и пари, а во погоден момент искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во чантата одзел паричник со лични и службени документи и пари.

Третото и четвртото кривично дело А.Б. ги извршил на ул. “Водњанска“ во Клиничкиот Центар (едно во одделот за Онкологија и едно во Центарот  за трансфузиологија) каде што искористувајќи ја гужвата пред ординациите и шалтерите како и невниманието на оштетените со протнување на рака во чантите на оштетените одзел паричници во кои имало пари  и лични документи (лични карти, трансакциони сметки, штедни книшки, картици од различни банки, пари и др. предмети.)

А.Б. дел од украдените предмети ги фрлал во контејнери, а дел се пронајдени кај него и се вратени  на оштетените, а додека парите ги потрошил за негови лични потреби. Од извршената проверка во крим евиденциите на СВР-Скопје пријавениот минува за сторени повеќе кривични дела “кражби“, “тешка кражба“  и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top