
Да одлучиш дека Македонија оваа година нема доволно добар филм, за да се испрати еве да речеме и во конкуренција за Оскар, е директен шамар за сите кои инвестираа во филмовите, а кај нас инвестира само и само Влада на Р.М. Тоа е уринирање врз сите што минатата година се будеа, работеа, заспиваа, сонуваа
После оваа одлука мислам дека Медо треба да го испратиме за Сибир, таму се е бело, да му дадеме две кози, што за земјоделие и сточарство што за *** и да го заборавиме. Или да му се забрани да има било каков контакт со македонскиот филм – напиша македонскиот актер Тони Михајловски на својот фејсбук профил незадоволен од одлуката годинава да не се испрати македонски филм во конкуренција за номинација за Оскар за фим од неанглиско подрачје.
Во изминатиот период имаше низа преписки помеѓу филмските работници и членовите на комисијата која ја донесе ваквата одлука. Екипата од „Соба за пијано“ смета дека ова е срамен скандал, на што Лабина Митевска, како член на комисијата, реагираше запрашувајќи чиј е срамот. Екипата на „соба за пијано“, филм со кој се отвори овогодинешното издание на „Браќа Манаки“ возврати – Забраната е себично дејствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


