Во моментов ударна вест во многу портали и медиуми е -што мезел премиерот Никола Груевски. Вистинска сензација било што јадел грчка салата.
Конкретно веста е дека, „при чекањето авион на аеродромот во Филаделфија, премиерот Груевски и неговата сопруга Боркица вечерале во ресторанот за морска храна „Legal seafoods“ на аеродромот, при што премиерот за мезе нарачал грчка салата, се дознава од рубриката кратки вести за познатите личности во весникот „Филаделфија Дејли Њуз“, која ја уредува Моли Ајхел.
Според пишаното во кратката вест, во ресторанот премиерот за мезе нарачал грчка салата, а потоа јадел рибарска чорба (рибина чорба од бакалар надополнета со зеленчук, шкампи и школки), и на крајот завршил со школки. Неговата сопруга Боркица, пак, јадела само Цезар салата. Тоа мени ги чинело околу 50 долари.
Како што пишува Моли Ајхел, осумчлената екипа за обезбедување не јадела толку здраво – сите си земале хамбургери“.
„Република“ пред една недела дозна дека Боркица била на Зелено пазарче и си купила два килограми грчки маслинки „каламата“. За жал не ја проценивме добра оваа сензација и не ја објавивме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии