Најдобриот стрелец во ланската сезона во НХЛ, Стивен Стамкос, го доби македонското дерби на Флорида против Ед Јовановски и Жозе Тиодор, а неговиот клуб Тампа Беј ги скроти „пантерите“ од Флорида и победи со 5-2.
Стамкос кој има македонско потекло го даде првиот гол во синоќешното мега-дерби во НХЛ, а ја затресе мрежата на нашиот голман Тиодор. Во одбраната на Флорида помагаше и третиот Македонец на средбата, Јовановски, но безуспешно. Сите тројца хокеари потекнуваат од овие простори, но, се, или биле репрезентативци на Канада.
Најмладиот од нив, Стамкос, повторно тргна урагански и во оваа сезона. Веќе има 11 поени (4 гола и 7 асистенции) и е на делба на четвртата позиција со Џо Павелски од Сан Хозе.
Лани напаѓачот на Тампа Беј беше прв стрелец во лигата со 60 гола, а со вкупно 97 поени, беше второрангиран во НХЛ, зад Евгени Малкин од Питсбург, кој искомбинира точно 109 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.