| четврток, 6 декември 2018 |

Шестгодишно дете собрало 400 илјади долари за да му помогне на болното другарче

Шестгодишниот Дилан Сигел на почетокот од оваа година се најде на сите светски медиуми поради тоа што за да му помогне на своето другарче во борбата против ретка болест, ја напиша книгата „Чоколаден бар“.

За истражувањето на болеста на црниот дроб од која боледува еден во милион, а тука спаѓа и Дилановиот пријател, беа собрани 30 илјади долари, а поради книгата сумата порасна на 400 илјади долари и ги надмина сите очекувања.

– Бев во шок – рече д-р Давид Веинстеин, водачот на истражувачкиот тим кој ја проучува оваа болест за која сѐ уште нема лек.

Тој собрал повеќе пари за наоѓање лек за оваа болест отколку сите медицински фондови заедно.

Кога Дилан дознал дека неговиот пријател боледува од ретка неизлечива болест, која може да го убие, самоиницијативно се понудил да помогне. Кога родителите му понудиле да продава лимонада на штанд, малиот херој им рекол: „Немој да ме потценувате, сакам да направам нешто големо“. По 24 часа дошол со книгата „Чоколаден бар“. Неговите родители направиле 200 копии и веднаш ги продале  за 6 илјади долари.

По тоа се приклучила и фирмата „Хол фудс“ и сега, покрај книгата, се продаваат маици и футроли за мобилен.

Целта на Дилан е да собере еден милион долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top