Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, испрати честитка до припадниците на бошњачката етничка заедница во Македонија по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.
– Ви посакувам денешниот ден да го поминете во добро празнично расположение исполнето со многу здравје, радост, среќа и бериќет. Со празнување на денот кога претставниците на бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во Сараево го вратија своето национално име Бошњак, се празнува Вашиот симбол на себеидентификација, сегмент за препознавање и гордост. Овој ден не само што претставува добра можност да ги одбележиме културните специфики и вредности на бошњачката заедница во Република Македонија, туку ја потврдува и нашата определба за нивно негување, стимулирање и надградба – се вели во честитката од премиерот Груевски.
Во оваа пригода тој ги изразува определбите на Владата на Република Македонија за континуирано спроведување активни и сеопфатни мерки за подобрување на севкупната положба и квалитет на живеење на сите граѓани и етнички заедници во нашата држава, вклучително и на бошњачката етничка заедница која, како што вели, е од битно значење за нашата земја и чии припадници придонесуваат за развојот и напредок во општествените сфери.
– Честитајќи ви го 28 септември, ве повикувам, исто како во изминатиот период, заеднички да се вложиме и уште повеќе да придонесеме за нови успеси и радости за нашите граѓани. Да продолжиме со нашите заеднички заложби за унапредување на економскиот раст и стандардот на граѓаните, со реформите и модернизацијата, со создавањето дела и вредности од траен карактер и со стратешките определби за интеграција во европското и евроатланско семејство, со цел изградба на модерна Република Македонија – вели Груевски во честитката.
Нека нашето почитување и заемно разбирање, додава, нѐ водат по патот на севкупниот развој и напредок на нашата држава, за што и понатаму заеднички ќе работиме и активно ќе придонесуваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


