| четврток, 6 декември 2018 |

Реал го сака Марио Манџукиќ

Марио Манџукиќ е цел на Реал Мадрид, засега така тврди познатиот ФИФА-агент Франсис Галардо, кој прв го најави трансферот на Бејл во Реал.

Оваа вест сигурно ќе му се допадне на Марио бидејќи следната сезона во Баерн Минхен ќе добие голема конкуренција со полскиот интернационалец Роберт Левандовски.

– Флорентино Перез тврди дека не им треба засилување во нападот оваа сезона, тренерот смета дека им е потребен уште еден напаѓач. На Реаловата листа се наоѓа и Марио Манџукиќ за кого се подготвени да одвојат 30 до 40 милиони евра – тврди фудбалскиот инсајдер Галардо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top