Македонската Царина ги демантираа информациите дека постои забрана за увоз на овошје и зеленчук од Македонија во Бугарија на граничниот премин „Логодаж“ во Делчево. Оттаму објаснуваат дека станува збор за привремено повлекување на инспекциските служби од овој граничен премин.
– Постои известување од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија до Југозападни митници на Бугарија дека поради малиот обем на проток на свежо овошје и зеленчук се повлекуваат инспекциските служби од граничниот премин „Логодаж“ – велат од Царината за „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!
-
Албанска екстремистичка група бара „запирање на трговијата со територии“


