Не престануваат шокантни случаи од користењето на дрога кој го шокираат светот. Последниот доаѓа од Русија, поврзан е со “Крокодил”, “домашен” хероин кој ја нагризува кожата, месото и коските.

“Крокодил”, дрога од “домашните работилници” која се добива со мешање на кодеин и бензин, три пати е поевтина од хероинот, но има слично дејство, па затоа и веќе подолго време е исклучително популарна во Русија. Оваа запаллива супстанца, која целосно ги уништува кожата, коските и месото, сега се појавила и во американската сојузна држава Аризона, а тамошните власти го искажале своето стравување дека би можело да се рашири како епидемија.
Центарот за контрола на отровни супстанци со дрогата “крокодил” најпрво се соочил кога двајца зависници пристигнале на одделението за итни случаи. Месото им се двоело од коските, а нивната кожа била груба и со карактеристична темно зелена боја, по која и опасната супстанца го добила своето име. Долготрајната употреба на оваа опасна дрога доведува до пукање на крвните садови, поради што кожата станува зелена, тврда и природно не ги залечува раните, што на крајот доведува до гангрена. Поради се почестата употреба на оваа дрога, во Русија на лекување се пријавиле повеќе од 2.5 милиони луѓе, а животниот век на зависниците кои ќе се “навлечат” на оваа дрога, не е подолг од две до три години. Дури и оние кои што ќе се ослободат од зависноста, поради екстремното штетно влијание на “Крокодил”, засекогаш остануваат уништени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


