Правосудството и почитувањето на законите во Албанија се спроведени со долгогодишни структурни проблеми, кои водат до речиси нулта ниво на доверба кај јавноста, оцени Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, на крајот на петдневната посета на Тирана.
Комесарот истакна дека новата Влада е исправена пред историскиот предизвик и можност да внесе неопходни промени за зајакнување на владеењето на правото и заштитата на човековите права.
Муижниекс истакна дека се предвидени важни реформи во судскиот систем, кои имаат за цел да се зголеми ефикасноста на судовите и независноста и непристрасноста на судиите, но некои од тие реформи треба да бидат спроведени со нови закони, кои ја регулираат работата на Уставниот и Врховниот суд и на Вишиот судски совет.
Комесарот ги поттикна албанските власти да побараат експертска помош од Советот на Европа за подготовката на законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


