Интервјуто на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадено за грчкиот портал „Еуро аткив“ во кое говори за македонско-грчкиот спор за името, оди во корист на грчката дипломатија, а е на штета на Македонија, оцени денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Сметаме дека со пораките со кои се изедначува одговорноста меѓу земјата на која што ѝ е наметнат спорот како Република Македонија и Владата, која што го наметнува спорот од страна на официјална Атина, Радмила Шекеринска свесно или несвесно дава едно алиби за грчката дипломатија и дава дополнителен дипломатски арсенал на секој грчки амбасадор, на секој грчки министер за надворешни работи, да не мора лично да ја обвинува Република Македонија за своите позиции во овој спор, туку да ги користи зборовите на госпоѓата Шекеринска за обвинување на нашата држава – истакна на денешната прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Милошоски, ненадоместлива е штетата што се создава на ваков начин по однос на надворешно-политичките прашања.
– Надоместлива е штетата на секој или врз секој политичар во Република Македонија доколку имаме критики едни со други по однос со некој внатрешно-политички прашања по кои имаме разлики, но, за жал, тешко е надоместлива штетата што се создава на ваков начин по однос на надворешно-политички прашања во кои 20 години забележуваме дека соседна Грција, и покрај енормните разлики на внатрешно-политички план, има еден национален консензус и се говори во еден глас и со една порака и со една позиција, но пораките на Радмила Шекеринска, за жал, сведочат дека Македонците и Република Македонија заради такви политичари сѐ уште немаат усогласен национален став по однос на ова за нас важно прашање – рече Милошоски.
Она што ѝ забележува ВМРО-ДПМНЕ на Шекеринска е тоа што таа во интервјуто никаде не ја споменала пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
– Со ваквото свое однесување и занемарување на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, може да се претпоставуваат две работи. Едната е дека Шекеринска е преоптоварена и фокусирана само на внатрешно-политичките прашања во Република Македонија и не може да излезе над таа димензија или, пак, другата е да се препоставува дека покрај Венизелос, Самарас и другите грчки политичари, сега и Радмила Шекеринска станува политичар кој не сака и не чувствува за потребно да ја спомене пресудата од Меѓународниот суд во Хаг. Со пораките што Шекеринска ги дала за грчката јавност, не би ме зачудило доколку вечерва министерот за надворешни работи Венизелос истите пораки ги употреби во комуникацијата со неговиот колега Попоски за да ја девалвира позицијата на Република Македонија – истакна Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оние што извршувале високи должности во македонската влада треба да имаат поголемо чувство на одговорност и внимателност во изјавите што ги даваат за надворешно-политичките прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Милошоски испрати видеопорака до македонскиот народ и сите националности кои живеат во Македонија
-
Шекеринска и денес се гости во елитен ресторан на државна сметка (ФОТО)
-
Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година