| четврток, 6 декември 2018 |

„Сити парк бојс“ го прекинаа бојкотот

Во соопштението на навивачката група на КК Работнички „Сити парк бојс“ се вели дека го прекинуваат бојкотот и се враќаат на натправарите на својот КК Работнички. Фановите на клубот од Градски парк досега беа незадоволни од досегашната управа на клубот, но со формирањето на новото раководство решија да се вратат и да го бодрат својот клуб.

– Полека но сигурно може да кажеме дека извојувавме уште една заедничка победа! Заедничка победа на сите оние кои во најпотребните моменти размислуваа со ладна глава и здрав разум. Никој од нас не е во заблуда дека борбата е завршена и едно е сигурно дека таа продолжува и понатаму да трае,но само што сега ќе игра голема улога во победничкиот пат на нашиот Работнички. Не беше ни малку лесен изминатиов период, притисокот кој што се чувствуваше од сите страни мораше да се издржи само поради фактот дека еднаш засекогаш мораше сите да сфатат дека кој и да дојде во нашиот миленик мора да му е јасно дека ние и Работнички сме едно и никако поинаку. Ние заедно се радуваме,заедно тагуваме и кога сите нив ги нема едниствени што остануваат до самиот крај а и потоа ,сме сите ние навивачите на Работнички. Сега, конечно, можеме да се посветиме на враќањето на магијата, која некогаш владееше во Градски парк, онаа магија од која на колена паднаа сите противници на нашиот Работнички. Сите заедно со заеднички сили да се насочиме кон нови битки и да извојуваме нови победи во новата сезона! Ќе го следиме секој потег на новата управа, паметните ќе ги поздравиме а лошите жестоко ќе ги казниме. Шансата е дадена се надеваме дека паметно ќе се искористи и нема како некогаш повторно да биде злоупотребена. Секогаш ке бидеме дежурен критичар на секоја управа во нашиот Работнички. И да не должиме повеќе, бојкотот заврши! Работнички затоа што животот нема друго име! Со почит „Сити парк бојс“ – „Градска илегала ’97“ – стои во соопштението на навивачите на КК Работнички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top