| четврток, 6 декември 2018 |

Измамник го нудел Озил во Манчестер јунајтед

Мустафа Озил, таткото на новиот играч на Арсенал, Месут Озил, откри како некој измамник пробал ова лето да го продаде неговиот син во Манчестер јунајтед.

Таткото на Озил тврди дека на 7 август некој се јавил во Јунајтед и се претсатвил во негово име и им понудил договор за неговиот син, додека сѐ уште бил играч на Реал Мадрид.

– Некои луѓе направија нешто за што мислев дека е невозможно. Една личност ги контактирала Манчестер јунајтед и се претставил како тоа да сум јас. Тоа не е мал прекршок, ќе одиме до крај – рече Мустафа Озил и најави дека ќе го тужи сторителот.

Како за потсетување, ова лето фудбалерот во завршницата од трансфер-периодот го напушти Реал и се пресели во Арсенал за 47 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top