| четврток, 6 декември 2018 |

Романија дозволи убивање на кучиња-скитници

romanija kucinja 2

Романскиот претседател Трајан Басеску потпишал закон за успивање на кучињата-скитници, кој претходно го одобрил Уставниот суд, соопшти прес-службата на романскиот претседател.

И покрај протестите на љубителите на животни, судот дозволил да се успиваат скитниците ако во рок од 14 дена не биде утврдена нивната сопственост.

romanija kucinja

Законот бил донесен како одговор на гневот на дел од јавноста по смртоносен напад на глутница кучиња-скитници врз четиригодишно дете во Букурешт.

Властите во Романија проценуваат дека во главниот град на државата има меѓу 40 и 60 илјади напуштени кучиња.

Триесетина пратеници вложиле жалба на новиот закон сметајќи дека е многу помалку трауматично да се стерилизираат отколку да се успиваат овие животни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top