| четврток, 6 декември 2018 |

Секс тајните на жените

seks1Разговорот пред сексот ги возбудува повеќето жени

За нежните суштества слатките приказни пред да скокнете во креветот, ги тера да се чувствуваат сакани и ценети.
За многу жени да се соблечат пред партнерот е еднакво да ја изгубат желбата за секс. Мажите треба да се свесни за нивната загриженост и да им помогнат да ја надминат.

За жените сексот е поврзан со секојдневието
Жените треба да се смирени и задоволни од работата завршена во текот на денот, за да се оддадат целосно на партнерот. Начинот на кој мажот се однесува со жената надвор од креветот, исто така, има влијание на нејзините дејства под
покривката. Непријатните случки, спорови, навреди и критики, ќе ја стегнат и ќе ја лишат од ентузијазам и страст.
Оргазмот не е задолжителен
Многу мажи мислат дека најдобар љубовник е оној кој може да ја доведе партнерката до оргазам. За жената тоа е омилено, но не е задолжително. Некои од нив го чувствуваат притисокот на партнерот да стигнат до врвот и тоа им
пречи.
Сексот не треба да е нешто сериозно
Предиграта за жената е непроценлива. Мажите пак сакаат да се сериозни за време на секс. Тие забораваат да се забавуваат, да се смеат, да бидат романтично-палави. Игрите и закачките го претвораат овој интимен момент многу вреден и смирувачки за дамите.
Жените ги сакаат нескесуалните допири
Жените ја сакаат романтиката и милувањето, да се држат за раце со момче или едноставно да се бакнуваат. Но, многу од нив се лишени од овој вид романтика. Мажот треба да се научи дека несексуалниот допир, исто така носи задоволство. Масажата е дел од овој вид пријатни искуства, и најголем фаворит за жените.
За жените е многу важно вниманието по секс
Нежните моменти се поважни за една жена, дури и од самиот сексуален чин. Најгруб финиш на прекрасната игра под покривката е мажот да заспие веднаш после секс. Тоа е речиси невозможно, бидејќи по ејакулација нивото на
ендорфин во организмот му паѓа нагло. Кај жените сепак е спротивното. Но тие сакаат малку внимание – гушкање и бакнежи, дури и неколку минути

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top