фото: А1он
Во близина на струшкото село Теферич жители од албанска националност денеска се обидоа да постават постамент односно бетонско обележје со кој сакаа како што велат да одбележат 100 години од Македонско-Албанското востание во 1913 година против тогашниот окупатор, јави дописникот на А1он.
Негираат дека споменикот ја означува Голема Албанија и рекоа дека на постаментот сакаат да биде испишан текст само на албански јазик. Жителите Македонци пак тврдат дека местото било црковно и дека некогаш на тоа место постоел крст. Од организациониот одбор потврдија дека се уште немаат дозвола за поставување на таков постамент, а според наши информации ниту општината за сега нема издадено дозвола за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



