Никола Груевски е најтолерантен политичар, покажува анкетата спроведена во периодот од 20 до 23 септември со 1.092 испитаници, на Центарот за истражување и креирање политика (ЦИКП). Од испитаниците, 26 проценти сметаат дека најтолерантен лидер на партија е Груевски, седум проценти сметаат дека тоа е Зоран Заев, пет проценти се за Али Ахмети и 2,5 проценти за Лилјана Поповска, додека 2 проценти за Руфи Османи.
Според резултатите, граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро би се соочила со меѓуетничките односи и со невработеноста, а најдобро ќе се грижи и за животната средина.
Од испитаниците, 17 проценти се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро би се соочила со меѓуетничките односи, за ДУИ и за СДСМ се четири проценти и еден процент се изјасниле за ДПА. Другите партии добиле незначителна поддршка за ова прашање. ВМРО-ДПМНЕ најдобро ќе се грижи и за животната средина, односно 18 проценти од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а 13 проценти за ДОМ.
Дури 30 проценти од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро ќе се соочи со невработеноста. За ДУИ се изјасниле три, за СДСМ четири проценти.
Истражувањето, посочуваат од ЦИКП, е спроведено во рамки на проектот поддржан од ЕУ „Партнерство за отворена влада – право да знаеш во ЈУИ Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии