За премиерот, значајни активности од посетата во САД се разговорите со менаџментот на клинички болници каде Владата сака да испрати македонски лекари на дополнителни обуки за методи за разни интервенции и лекувања што не се применуваат во Македонија.
– Се уште нашите лекари немале шанси некој да им изврши тренинг за таква обука и можам да кажам дека во сите градови како во Детроит во Медицинскиот центар „Хенри Форд“ така и во Хјустон во „Хјустон Медикал центар“, во „Роналд Реган“ Медикал центар во Лос Анџелес и тука во Сиетл наидовме на добар прием и на ветување од нивна страна дека со задоволство ќе прифатат наши лекари да дојдат на обука тука во Америка во нивните медицински центри. Останува понатаму министерот за здравство и Амбасадата да ги договорат деталите. Се надеваме дека во февруари, најдоцна во април, ќе се потпишат меморандуми за соработка, рече Груевски.
Реализацијата на тие планови, оценува, ќе значи многу за Македонија и ќе биде издигнување на македонското здравство. Такви обуки, како што рече, се договорени и со други клинички центри низ Европа и во Канада, што е одлична работа за напредок на македонското здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


