| четврток, 6 декември 2018 |

Путин, сепак, не се оженил

путин и девојкатаРускиот претседател Владимир Путин не се оженил со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, соопшти неговиот  портпарол. „Многупати досега сме демантирале вакви тврдења“, вели тој за рускиот весник „Известија“.

Веста за озаконување на врската ги почна адвокатот и блогер Калој Ахилгов, во саботата кога тврдеше дека Путин се венчал со Кабаева во Иверскиот манастир во Валдај во северозападниот дел на Русија. Како доказ тој го истакна фактот дека манастирот бил под строго обезбедува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top