Бугарија забрани увоз на свежо овошје преку граничниот премин Делчево, јави „Канал 77“. Извозниците од регионов затекнати со оваа најнова одлука на бугарската царина.
Димитар Марковски, сопственик на „Рудине“.истакнува дека во петокот дошло писмо дека свежо овошје нема д а поминува преку овој премин и сега ние треба д аодиме 150 -200 км до Крива Паланка или Струмица и имаме трошоци и од 200 евра од камион
Со оваа забрана сега се усложнува и така лошата година з а пласман на модрите сливи.
Димитар Марковски сопственик ан „Рудине“.. потенцира дека сливата која зафаќа аларматни ситуација во Делчево, Берово, каде 40% е е обрана и може да оди само з а мармалад, сега ние не можеме да ја извезуваме за Бугарија-Пловдив
За оваа опструкција од бугарската страна стопанствениците ја известиле македонската царина.ѓ и испраќаат апел до институциите брзо да реагираат.
Инаку, ова не е прв пат Бугарија да става забрана за промет на одреден вид на стоки преку граничниот премин Делчево-Станке Лисичково. Пред две години беше забранет и прометот на сточната храна со образложение дека на бугарската царина нема соодветна фитопоатолошка служба. Оваа мерка од Бугарија остана без рекција од макеоднската страна, па со право вработените во пограничните служби прашуваат дали се крчка преминот кај Делчево да стане само патнички?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


