На денешната прес конференција за медиумите, откако ги објасни индивидуалните достигнувања на кошаркарите на Евробаскетот во Словенија, Душан Ивковиќ соопшти дека ја напушта селекторската функција.
-Го исполнив мојот договор, бев присутен секогаш. Дојде време оваа работа да ја преземе некој помлад. Имаме многу талентирани тренери, а ако некој ме праша, имам неколку квалитетни предлози- изјави Ивковиќ.
Ивковиќ во октомври ќе наполни 70 години, а селектор на Србија беше од 2008. година, во тој период најголемиот успех е освојувањето на сребрената медала на Европското првенство во Полска во 2009. година.
Во успешната кариера на Ивковиќ како селектор на Југославија освои три шампионски титули на Европа (1989, 1991, 1995), како и светски шампиони во 1990. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.