-Каде грешиме ние? Грешиме во тоа што се обидуваме на рационален начин да му пријдеме на еден проблем кој не е рационален. Односно, ние ги анализираме или бараме решенија согласно она како ние мислиме дека мисли иницијаторот на оваа криза. Со други зборови ова што ни се случува денеска, значи до иницијативата на Претседателот Иванов за формирање на некаква независна комисија за разрешување на настаните всушност е погрешна дијагноза- истакна Велиновска.
Таа изјави дека ова што го прави СДСМ е практика од 90-тата година па наваму. Се наврати накратко и на случувањата од тој период па наваму.
Нагласи дека СДСМ на првите избори загуби, ама победникот не формираше влада, дека наметнал избори и вон изборниот процес станал партија на власт. Додаде дека во 1994 та година и во 2002 та СДСМ единствено добил на избори, а дека во сите други изборни циклуси СДСМ упаѓал во мандатот на другиот победник.
-Тоа го направи во мандатот од 1998 до 2002. Значи прво ги опструираше локалните избори на ист начин. Се иницираа инциденти како овие пред собранието на 24 ти декември, во Охрид. Од Кочани и од Кичево беа донесени групи, едно детенце дури падна во кома. Значи се иницираше судир на гласачките листи. Потоа во 2001 та се објави скандалот Големо уво, и потоа следеа нападите во Танушевци и се случи големата „фингерајка“ од војна во која СДСМ постави ултиматум до државата да направат заедничка влада за да може да влезе на власт и оттаму да ги организира изборите- рече Велиновска нагласувајќи дека истото сценарио се повторува и сега.
Напомена дека пред 24-ти декеври, три месеци траеја подготовките за избирање на одличен или на добар повод, леплив за да се објави војна. Да се покрие причината за ова дејство.
Како што рече, повод секогаш може да се најде, но причината за тоа било како СДСМ да се врати на власт.
-Секоја дијагноза за ова политичко раководство мора да почне од мотивот. СДСМ, раководството на СДСМ, врвните слоеви на СДСМ не се научени да бидат надвор од моќта и власта. Тие тоа најдобро самите ни го кажуваат само ние не сме навикнати да ги слушаме. Тие нас ни порачаа во неколку наврати, значи во врвот на таа партија, со овие зборови: Нас ни припаѓа природно правото да владееме. Кога ќе ви го каже некој тоа, тој ви соопштува се’. Тој не прифаќа плурализам бидејќи природно мисли дека треба да биде власт, природно мисли дека државата е негова творба. Па тие се прогласија за државотворна партија- нагласи таа и заклучи дека таквите изјави би значеле дека државата е партиска своина и дека тие што „ја создале“ си ја бараат назад.
Според неа истото тоа го кажал и шефот на таа партија во едно интервју кога изјавил дека „нема да дозволиме редистрибуција на општественото богатство“.
– Замислете вие во демократија да ви каже еден партиски лидер дека тоа што тој го направил како приватизација дека тоа е фикс. Дека натаму нема да има редистрибуција. Политиката е продолжена рака на економијата и тој ви вели дека тој ќе управува со тоа и тоа од позиција на опозиција- нагласи Велиновска.
Таа нагласи дека 24 ти декември, е всушност продолжение на минатогодишниот 24-ти ноември пред А1 телевизија, со истата намера, со истото сценарио со истите сценаристи.
-Ни се продава едно сценарио што го правел Отпор во 90 тите години за други услови и го извезува секаде каде што има вакви дијагнози- рече таа.
Според неа, проблемот е во тоа што воопшто се попушта пред ултиматумите што СДСМ постојано ги пласира и што постојано е присутен обидот конфликтите да се решат по пат на дијалог и на маса.
-Како ќе седнете и кој дијалог ќе го водите со некој кој што вика: Јас сакам, беспоговорно сакам! Не ме интересира изборната волја на гласачите. Лани бевме на избори тие ја слушнаа изборната волја. Ако не го почитува гласот на оној што ја има сувереноста по Устав на тој ден за што ќе дебатираат? – рече таа.
За крај Велиновска рече дека на овој начин СДСМ создава услови за креирање на граѓанска војна во рамките на еден етникум. Таа нагласи дека таквото сценарио ќе и’ оди во директен прилог на Грција која подготвено чека, македонското прашање да го претстави како безбедносен проблем во Советот за безбедност.
-Грција е фокусирана да не доведе како точка во дневен ред во Советот за безбедност. Македонското прашање е безбедносно прашање, Таму го пикна Европска Унија пред 20 години. Затоа сме ние ранливи. Албаниците со својот политички радикализам повремено ќе не притискаат. Еве сега и СДСМ не пика во тоа. Кога ќе бидете безбедносен проблем, па поготово дефиниран како регионален безбедносен проблем вие ја отварате вратата за странска интервенција.
Таа нагласи дека ова е всушност главното прашање што може да произлезе од оваа ситуација и што многу повеќе загрижува од тоа дали СДСМ ќе излезе или не на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Велиновска: Овој вторник ги исплаши до коска сите кои мислат дека овде живеат диви луѓе со малку памет и ич самопочит и интегритет
-
Велиновска: За да бидат кредибилни изборите, на СДСМ им требаат цензурирани медиуми, како и операција за бришење живи луѓе од Избирачкиот список
-
Велиновска: „Требош“ е фарса на СДСМ
-
Велиновска: СДСМ продуцира криза, но за лудаци нема да гинеме