| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени во судир на автомобил и комбе кај Првомајска

soobrakajka kisela voda

Утринава се случила тешка сообраќајна незгода на раскрсницата од булеварот “Првомајска” и улицата “Петар Дељан” во скопска Кисела Вода во која се повредени три лица.

Како што пренесува порталот Курир, несреќата се случила рано изутринава, во 6 часот и 30 минути кога се судриле автомобил марка „Опел Вектра“ и комбе, при што се повредени двајцата возачи и сопатник од Опелот.

Повредените лица биле веднаш пренесени во болница. Засега нема информации за нивната состојба.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top