| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: терористите ќе ги нападнат инспекторите

g_basar-al-asadБашар ал-Асад ја предупредил меѓународната јавност дека бунтовниците би можеле да ги нападнат странските инспектори кои ќе пристигнат во Сирија да го надгледуваат уништувањето на хемиското оружје.

Според сирискиот претседател „сите знаеме дека терористите извршуваат наредби од други земји и дека тие земји им наредуваат на терористите да вршат акции кои подоцна би ги препишале на сириската власт“. Русија од порано со договорила со Сирија за уништувањето на хемиското оружје, за да биде избегната американска воена интервенција.

Москва очекува Организацијата за забрана на хемиско оружје наскоро да постави рок за операцијата за уништување на истото. САД, Франција и Британија инсистираат на резолуција која ќе вклучи казнени мерки доколку Сирија им пречи на инспекторите во работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top