| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот за дизајн доби донација – парчиња од Вествуд, Шанел и Живанши

музеј1

Музејот за дизајн доби донација од преку 400 парчиња и тоа од атрактивните и екстравагантни модни куќи Шанел, Живанши и Вивиен Вествуд.

Парчињата облека кои музејот ги доби како донација ќе бидат претставени како дел од изложбата под наслов „Неверојатни приказни за обични работи“.

Донираните парчиња се дел од личната гардероба на Лејди Ритблат, адвокат и филантроп. Ова не и е првпат да подарува своја гардероба. Претходно, таа подари дел од својата гардероба на Музејот „Викторија и Алберт“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top