Либерализација на пазарот на енергија и анализата за воспоставување на квалитетна Берза за електрична енергија се меѓу главните теми на Осмото Советување на Македонскиот Комитет за големи електрични системи, средба ан експертите за енергија која се одржува во Охрид.
Како што изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешески, создавањето регулатива и услови за приватните извори за обновливи извори на енергија, како и најавите за инвестиции во енергетски0т секторот кај што ќе биде отворен и пазар за приватниот капитал, се голем чекор за енергетска независност на земјава.
Во однос на идните движења на цената на струјата тој посочи дека методологија на утврдувањето на цената е надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, но токму преку формирањето ефикасни пазари за електрична енергија со моделот со берза може да придонесе електричната енергија да се набавува по пониски цени.
„Не би прејудицирал однапред во која насока ќе се движи цената. Доколку се следат европските трендови може да се очекува цената на електричната енергија во иднина генерално да расте. Токму затоа овие чекори што ги презема Владата со во насока да придонесат тој притисок да биде што помал“, рече Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.