| четврток, 6 декември 2018 |

„Јас Исидора“ вечерва на сцената на МОБ

јас исидора

Авторскиот проект на Олга Панго „Јас Исидора“ модерната балетска претстава вечерва ќе биде изведена на малата сцена на Македонската опера и балет (МОБ).

Либрето, кореографија и режија се на Олга Панго, музиката е на Калиопи Букле, сценографија и костимографија се на Благој Мицевски. Во претставата играат: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска Гленски и други.
Претставата „Јас Исидора“ го следи животот на американската балерина Исидора Данкан, која живеела во почетокот од 20 век, како и нејзината љубовна врска со големиот руски писател Сергеј Есенин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top