| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп: загина жител на Виница

Педесет и шест годишен виничанец загина во сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп.Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во саботата кога се судриле “Фиат Добло” со битолски регистерски ознаки, управувано од З.М.(1977) од Битола и “Тојота Авенсис” со штипски регистерски ознаки, управувано од В.Л.(1959) од Виница.

Од здобиените повреди при незгодата, на лице место починал сопатникот во „тојотата”, В.Г.(1957) од Виница, а со тешки повреди се здобил возачот на „доблото”, на кого му била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top