| четврток, 6 декември 2018 |

Ја влечел вереницата за коса и ја тепал со кабел зашто играла игри на мобилен

policija

Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство  при СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 33 годишниот тетовец Х.Р.затоа што ја претепал вереница.

Пријавениот во станот на улица „50-та дивизија“ каде вонбрачно  живеел заедно со неговата вереница М.Х. (24) од Скопје, по расправија со неа зашто играла на мобилен телефон физички ја нападнал, ја фатил за коса и ја влечел низ собите во станот.

Откако таа почнала силно да вика и да бара помош, тетовецот ја фрлил на креветот, а на лицето и ставил перницата за да не вика. Потоа зел кабел од мобилен телефон и почнал да ја удира по грбот со што и нанел телесни повреди црвенило, модринки  и гребаници  по  грбот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top