| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички со Триумф над Војводина

Кошаркарите на Работнички одлично играа и сосема заслужено стигнаа до триумф над Војводина од 76-69 во својот премиерен натпревар на турнирот во Дебрецин, Унгарија

jane rabotnicki golema
Работнички го почна дуелот со многу трема, па противникот го добил првиот период со убедливи 16-25. Сепак, Емил Рајковиќ успеа да ги разбуди своите избраници, кои ги консолидираа своите редови и најпрвин успеаја да стигнат до израмнување, а потоа со целосен пресврт да забележат и победа над противникот.
Брчков беше најпрецизен во таборот на Работнички со 18 постигнати поени, Соколов придонесе со 13 поени и 8 скокови за оваа победа, додека Јане Петровски го заврши мечот со 9 поени.

Работнички денеска во рамките од второто коло од овој турнир ќе се сретне со словачкиот состав Славија Трнава.
Црна дамка на оваа победа на Работнички остави повредата на Марјан Ѓуров, врз кого ќе мора да се извршат детални лекарски прегледи. Станува збор за обновување на повредата на рамото што и лани го мачеше Ѓуров, па останува да се види дали овој искусен кошаркар ќе биде подготвен за стартот на новата сезона во македонскиот шампионат, закажан за дваесетина дена.

Извор: екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top