| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Тачи повторно заедно?

gruevski tachi

Весникот „Дневник“ јави дека средба меѓу Никола Груевски и Мендух Тачи, ќе се одржи попладнево во Владата на покана на премиерот. Иако не се открива поводот за ваквата средба, најавите се дека двајцата поранешни владини партнери ќе разговараат за политичката ситуација во земјава, евроинтегративните процеси и претстојните локални избори.

Ова е прва нивна средба по цели пет години.

Владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, претставувана од Груевски од една и двоецот Арбен Џафери и Тачи од друга страна, во 2008 година пукна по неуспешниот самит во Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top