Епска победа забележа Франција во второто полуфинале на ЕП во Словенија против фаворизираната Шпанија по едно продолжение со 75-72. НБА асот од Сан Антонио, Тони Паркер одлично диригираше со оркестарот на „триколорите“ за сензационален триумф против „црвената фурија“. Шпанија која ја бранеше титулата во еден момент имаше предност од 14 поени разлика, но Паркер беше неверојатен и со 32 поени ја разби армадата. Во регуларниот дел кој заврши со резултат 65-65, Шпанците го имаа последниот збор, но промашија чист шут за победа.
Продолжението мина во голема битка, а Французите почуствуваа шанса за изненадување и ја искористија. Бекот Дио погоди две слободни фрлања, потоа противникот возврати со три поени на Родригез, а Дио одново беше непогрешлив со погодени две слободни фралања, за блескав триумф. На Шпанија не и помогна ниту одличната партија на Марк Гасол кој забележа 19 поени, а добро одиграа и Фернадез со 17 поени и Родригез со 11 поени. Сепак Шпанците не стасаа до финалето и задутре ќе играат за бронза против Хрватска.
Во големото финале Франција за противник ќе ја има Литванија во меч што ќе се игра во недела од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


