| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје – метропола на опасни маснотии

hamburgerБалканските метрополи се во врвот на европската табела според продажба на прехранбени производи што содржат трансмаснотии опасни по здравјето, јави МИА од Гетеборг.
На самиот врв е Сараево со 82 производа во продажната мрежа. Следува Скопје со 41 производ, Белград со 32, Загреб со 29, Подгорица со 23 и Љубљана со 20 производи од споменатата ризична категорија.
Интересно е дека во рамки на истражувањето, спроведено под раководство на данскиот доктор и стручњак за трансмаснотии, Стин Сендер, високо на табелата се најде и еден од големите скандинавски урбани центри, односно Малме во Шведска, со 24 производи што содржат трансмаснотии.
– Купишта слатки и други производи што содржат екстремно високи нивоа на трансмаснотии се продаваат во Малме. Тоа е дозволено во Шведска, но во Данска е во сила строга забрана за продажба на такви производи – вели Стин Стендер.
Забраната е присутна и во други земји, како, на пример, во Австрија и во Исланд.
Трансмаснотии се вегетабилни, незаситени маснотии, кои имаат поцврста конзистенција и подолга трајност преку заситување на вештачки начин. Меѓу производите се помфритот, маргаринот, колачи и тестенини, овошни пити, сладолед, пуканки што се подготвуваат во микропечка…
Ризиците поврзани со трансмаснотии повеќе не се сметаат за контроверзни. Една студија изготвена на Харвард покажува дека веќе од 2007 година 200.000 смртни случаи врз основ на срцев инфаркт можеле да бидат избегнати во САД секоја година доколку трансмаснотиите биле сосема отстранети, пишува „Свенска дагбладет“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top