Милосрдната сестра Мариам де ла Кроа, позната активистка против граѓанската војна и мешањето на странските сили во судирите во Сирија, тврди дека снимките на кои беа прикажани деца, жртви на напад со хемиско оружје, се лажни.
Кроа заедно со свој тим соработници од хуманитарната организација ИСТЕАМС систематски ги анализирала сите снимки и фотографии што се појавиле во вестите за нападот во кој загинаа околу 1.500 луѓе во предградието на Дамаск.
Во обемниот извештај, милосрдната сестра заклучува дека целиот случај е наместен.
– Анализиравме 13 видеоспотови, кои се прикажани за да ја инкриминраат сириската држава. Три видеа меѓу нив се наместени со користење детски тела. Децата-жртви што се снимени не се од Источен Гута, па се прашуваме од каде се? Кои им се родители? Како се убиени? И на крај, каде се закопани? Потребна е сериозна меѓународна истрага затоа што имаме причина да се сомневаме дека станува збор за деца и возрасни од 11 села од латакиските планини, кои биле киднапирани од организацијата Ал Нусра (блиска на Ал Каеда) на 4 август и од тогаш им се губи секаква трага.Членовите на нивните семејства се јавија да кажат дека ги препознале на фотографиите и на видеоматеријалите, открива милосрдната сестра.
Кроа својот труд го објави на сите медиуми што сакаа да прикажат и бара поддршка од сите слободољубиви луѓе во светот за да се одговори на прашањето колку невини деца, навистина, се убиени, кои им се родителите и каде се телата.
– Дали е можно сценарио во кое една бунтовничка група организирала киднапирање на 150 жители, кои подоцна ќе се користат како месо во хемискиот напад, а потоа ќе се претстават на светската јавност како жртви на режимот – се прашува милосрдната сестра.
Едно од најважните прашања што ги поставува е од каде толку жители во Гута, местото што војската во пресметките со бунтовниците го напаѓа повеќе од една година. Хуманитарните работници тврдат дека од тоа предградие на Дамаск речиси сите жители се иселени, особено тие со деца, и заминале како бегалци многу пред хемискиот напад. Училиштата се затворени и нема никакви услови за живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!