Скопје сити тауер ги отвори вратите за медиумите во средата со презентацијата на современиот европски тип на резиденцијални објекти, каде што станбените единици почнуваат веднаш над катовите наменети за деловни простории.
Имано првпат на пазарот на недвижнини во Македонија се појавува еден толку софистициран објект, како што е Скопје сити тауер. Оваа многукатница е објект што ја менува силуетата на градот Скопје. Градена е според највисоки стандарди, затоа што според Катина Сутоглу, архитектот од „ССТ” „желбата на инвеститорот е купувачот да добие најдобар и најквалитетен производ, но и тимот вклучен во проектирањето и градењето на овој објект работеше со уверување дека домот е многу повеќе од тули и малтер”.

Во Скопје сити тауер се нудат неколку типови на станови: стан-студио, станови со една спална соба, со две спални соби и станови со три спални соби. На последното ниво пак се сместени луксузните „penthouse” апартмани, што се карактеризираат со поголеми квадратури и поголема катна висина.

Катина Сутоглу која ја предводеше обиколката на објектот меѓу другото истакна дека „зградата ќе биде вселива во март 2014 година, а повеќе од две третини од становите веќе ги чекаат своите сопственици. Објектот нуди вкупно 140 станови, со 12 станбени единици на еден кат, а квадратурата на становите се движи од 47 до 148 метри квадратни. ССТ нуди помош од своите архитекти само за оние купувачи кои ќе се одлучат станот да го опремат преку партнерите на ССТ”.
– Зградата располага со четири ‘Тисен Круп’ лифтови кои нудат удобност, безбедност, прецизност, економичност и брзина, а се дизајнирани за најсовремените објекти во светот. Објектот е под континуираниот надзор, поткрепен со домар и обезбедување и е опремен со видео-домофонијата. Ова се гарантите за целосна сигурност на домот, на животот на едно семејство, но и за деловното работење – додаде Сутоглу.

Крсте Петров, еден од проектантите на ССТ истакна дека „објектот е граден со посебна љубов и беше голем предизвик за тимот на проектанти. Гледавме да ги запазиме сите актуелни светски стандарди во квалитет на градбата, естетиката беше посебен предизвик, а распоредот и конфорноста на становите си дојдоа сами по себе. Во објектот се вградени првокласни енергетско ефикасни материјали, а фасадата е целосно термоизолирана. Ѕидовите се од елементи кои ги задоволуваат условите за нискоенергетско домување со одлична топлинска и звучна изолација. Преградните ѕидови во становите се систем на ѕидови исполнет со термичка и звучна изолација. Како висококатница, запазени се посебни нормативи и прописи за градење, во однос на конструктивна и сеизмичка стабилност, како и за противпожарна заштита”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


