| четврток, 6 декември 2018 |

Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ е македонски претставник за „Балканика“

Митко Маџунков со неговиот роман „Птиците од ланските гнезда“, издание на „Магор“, е избран за македонски кандидат за наградата „Балканика“. Одлуката ја донесе тричено жири во состав: Елизабета Шелева, Александар Прокопиев и Наташа Аврамовска.

Како што соопштија членовите на жирито во најтесен избор биле  уште и „Дрско црвен кармин“ од Јагода Михајловска-Георгиева и „Зад аголот“ од Томислав Османли.

 

Годинешното доделување на „Балканика“, која се доделува за најдобро прозно дело од балканските  држави ќе се одржи од крајот на ноември до почетокот на декември во Албанија. Наш претставник во жирито ќе биде книжевната теоретичарка Елизабета Шелева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top