| четврток, 6 декември 2018 |

Се апси во Скопје, Тетово, Свети Николе…

lisici 2

Големата полициска акција на македонската и германската полиција, која е во тек, се одвива во Скопје, Тетово и Свети Николе, дознаваме од полициски извори.

Според првичните информации, осомничените се заминавале со трговија со дрога и со перење пари, а биле организира слично како „Франкфуртската мафија“.

 

Во повеќе градови во Германија продавале дрога, а потоа парите од продажбата преку разни фирми, на нелегален начин, ги внесувале во Македонија.

 

Детали за акцијата МВР најави во текот на попладневните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top