| четврток, 6 декември 2018 |

Митрополитот Тимотеј преживеал срцев удар

vladika timotej 24 vesti

Надлежнииот архиереј на Дебарско-кичевската епархија и портпарол на МПЦ-ОА, митрополитот г. Тимотеј, доживеал срцев удар на вчерашната синодска седница и веднаш бил пренесен во болницата „Систина“. По направените лекарски проверки бил пуштен од болница, објави Утрински.

Веста за весникот денеска ја потврдил лично владиката Тимотеј.

-Сега сум добро! Ми се слоши на седницата, имав напад. Ќе продолжам и со други испитувања, изјавил владиката Тимотеј.

Од извори блиски на Синодот, Утрински дознава дека на митарополитот ќе му биде извршена операција на срцето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top