Фановите на Тоше Проески апелираат до одговорните во Град Скопје и одговорните на манифестацијата Бела Ноќ да им излезат во пресрет на сите фанови на Тоше Проески, и просторот од Плоштад Македонија на 05 Октомври целосно да го ослободат за Ѕвезденото Небо на нашиот ангел.
„05 Октомври мора да остане датум кој е исклучително посветен на Тоше, бидејќи на тој ден пред точно 6 години тој нам ни ги посвети најубавите моменти на неговиот последен концерт, и го остави својот аманет токму за овој ден…и замина“, се вели во барањето што е упатено преку социјалните мрежи.
„Немојте да дозволите оваа негова, а и наша желба да биде скратена со тоа што на истиот тој датум ќе се одржи некоја друга манифестација која не е толку важна за оваа држава. Дозволете да се потрудиме да ја сочуваме традицијата во која вечно ќе живее нашиот Тоше. Затоа се замолуваат сите медиуми и надлежни институции да превземат нешто со кое ќе се овозможи зачувувањето на Споменот за Тоше!!!“
Барањето во кое фановите на Тоше бараат „децата на 05 Октомври да си го слават Тоше а кловновите, жонглерите и циркузантите да паузираат на истиот датум е поднесено до Град Скопје во јуни месец оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


