
Најдобрите српски кошаркари што му се на располаѓање на селекторот Душан Ивковиќ на ова европско првенство беа поразени селекцијата на Шпанија со 60-90. „Црвената фурија“ го оправада својот надимак и го понижи српскиот состав.
Од самиот почеток на мечот со фуриозен старт од 8-0 за потоа веќе во шестата минута да имаат предност од 17-02 шпанците ставија јасно до знаење дека и понатаму се фаворит број еден за освојување на тронот и покрај просечните игри во досегашните натпревари од шампионатот. Како одминуваше првото полувреме грешките на србите се зголемуваа за на полувреме да се отиде со предност од 25 поени разлика.
Во вториот дел иста слика на паркетот. Во еден момент во третата четвртина Шпанија водеше и со 40 поени разлика 69-29. Сепак шпанскиот селектор внесувајќи ги во игра сите кошаркари ја олабави играта во одбрана и им дозволи на „Орлите“ да постигнат 60 поени до крајот на натпреварот.
Во шпанскиот состав најефикасни беа Родригез со 22 поени и Фернандез со 19. Кај поразените Катиќ и Анѓушиќ постигнаа по 11.
Во полуфиналето Шпанија го чека победникот од мечот Словенија-Франција што се игра вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


