Кошаркарите на Кожув го победија црногорски Морнар со 72-64 по што е сосема извесно дека нема да бидат на самото дно во својата прва сезона во Балканската кошаркарска лига. Во преостанатите три меча гевгеличани треба да остварат само уште една победа со хрватски Ѓуро Ѓаковиќ дома или на гости, и со Морнар во Бар, за да завршат како лидери во плеј аут лигата која се игра за избегнување на последните две места.
Во салата 26 април во Гевгелија вечерва Кожув загуби една четвртина (23-9), но ги доби другите три (20-13, 25-20 и 18-18), за конечен успех на отворањето од вториот дел од сезоната во БИБЛ. Најдобри поединци во нашиот тим беа центрите Штериев со 20, Пековиќ со 14 поени и бекот Караџовски со 13 реализации. Кај Црногорците Ѓуришиќ даде 13 коша. Следниот настап за Кожув е на 20 февруари во Славонски Брод со Ѓуро Ѓаковиќ.
Куманово кое игра во фазата ТОП 6 и и се бори за настап на завршниот турнир од БИБЛ, минатата недела тргна со победа кај Теодо во Тиват, а на 12 февруари патува во Самоков и игра со бугарскиот тим Рилски Спортист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.