Истражниот судија им одредил мерка притвор на 16 лица уапсени во акцијата „Шпион“. По целодневниот распит 30 дневен притвор доби поголем дел од групата. На еден од осомничените В.С. му е одредена мерка домашен притвор поради здравствени проблеми.
Притвор во отсуство е одреден и за тројцата осомничени по кои полицијата трага. По нив е распишана потерница а притворот ќе биде активиран откако тие ќе бидат пронајдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.