Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на својата последна седница ги избрал епархиските архијереји на двете новоформираните епархии.
Епископот велички г. Јосиф ќе биде надлежен епархиски архијереј на Тетовско-гостиварската православна епархија, со седиште во Тетово, со титула митрополит тетовско-гостиварски. Епископот лешочки г. Јосиф ќе биде надлежен епархиски архијереј на Кумановско-осоговската православна епархија, со седиште во Куманово, со титула митрополит кумановско-осоговски, јавува Утрински весник.
Интронизацијата на новопоставените епархиски архијереи ќе биде на 3 ноември во Соборниот храм „Светите Кирил и Методиј“ во Тетово и на 10 ноември во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.
Синодот ја утврди и програмата за одбележување на јубилејот – 1.700 години од прогласувањето на Миланскиот едикт и 1.115 од почетокот на Моравската мисија, кои ќе одбележат на 28 и 29 септември во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.