| четврток, 6 декември 2018 |

Последен поздрав за новинарката Гордана Ристевска

Гордана Ристеска, долгогодишна новинарка на весникот „Нова Македонија“, почина на 69-годишна возраст. Ристеска беше новинар во внатрешно политичката и во надворешно политичката рубрика на весникот, објави „Нова Македонија“.

Во својата долгогодишна кариера, таа беше и уредник во „Нова Македонија“, коментатор, како и постојан дописник од Москва и од Тирана.

Со своите текстови, коментари, но и извештаи за бурните настани во поранешниот СССР, како и за настаните во Албанија во деведесеттите години по падот на пирамидалните штедилници, Ристеска остави длабока трага на страниците на весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top