| четврток, 6 декември 2018 |

Скопските тинејџери имаат секс, а не знаат за заштита

seks ne sakaСкопските тинејџери се секуално активни, но многу малку се информирани за заштитата. Тие главно се информираат од интернер. Според анкетата што ја спроведе производителот на кондоми Дурекс, кај младината има мала свесност и голема неинформираност за сексот и последиците од него. 62% од вкупниот број на испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуалниот чин. Според анкетата, тинејџерите информациите за употребата на презервативи ја добиваат од интернет 54%, информации прекажани од кругот на пријатели 27%, 17% се информирале од другите медиуми, а 2% информациите ги добиле од разговор со родителите, а само 5 % биле на доктор за да добијат информации за сексот и последиците од него.

-Мотивот за спроведување на ова истражување беше да дознаеме колку тинејџерите се информирани за последиците и ризиците од активниот сексуален живот, па според тоа да креираме кампања која ќе ги едуцира и ќе го олесни влегување на тинејџерите во сексуалната зрелост, за да бидат подготвени и упатени во ризиците од сексуално преносливите инфекции и несакана предвремена бременост. Покрај уживањето при сексуалниот чин коешто треба да биде взаемно задоволство, исто така и сексуалната одговорност е взаемна, а тоа се двата темели врз кои Дурекс се изградил како производ и како бренд. Токму затоа едукацијата на младите ја сфаќаме како наша одговорност и затоа наша цел е: што поголем број тинејџери да знаат како се користат презервативите, како и колку долго се чуваат и дека купувањето кондоми и безбедниот сексуален чин е сечија одговорност – изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс за Македонија.

Психологот Марија Стефанова, пак, вели:

Возраста меѓу 15 и 18 година е исклучително важна за постигнување на сексуалната зрелост на тинејџерите. Во овој период, доаѓа до израз реализацијата на нивната сексуалност, прифаќањето на истата како и оформување на сликата или перцепцијата поврзана со сексот и сексуалниот чин. Многу е важно каква слика ќе изградат за сексот и како ќе ја стекнат одговорноста во врска со сексуалниот чин. Иако тоа е долг  процес, сепак првиот чекор е отворено разговарање, интересирање и дозвола за лесно да можат да прашуваат за сето она што ги интересира. Потребно е да им овозможиме на тинејџерите отворено да разговараат и на правилно место да бараат точна информација, а не да „крадат“ од несигурни и нерелевантни извори

Инаку, со анкетата беа опфатени тинејџери од 15 до 18 години во повеќе скопски средни училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top