| четврток, 6 декември 2018 |

Во Њујорк заврши средбата Нимиц – Јолевски, заедничка средба утре попладне

Дваесетина минути по 13 часот по Њујоршко време а околу 19 часот и 20 минути по макеоднско време завршила средбата меѓу специјалниот претставник на Обединетите Нации, Метју Нимиц и Македонскиот претставник амбасадорот Зоран Јолевски.

Телевизијата Канал 5 пренесува дека состанокот на македонскиот претставник траел кратко при што од  медијаторот во Грчко – Македонскиот спор нему му биле пренесени ставовите на грчката страна кои што се однесуваат на Македонските предлози предходно доставени до медијаторот.

Предходно Нимиц се сретнал и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис од кого што Нимиц ги добил ставовите и реакциите на најновиот пакет идеи кои што американскиот дипломат во соработка со Американски и европски дипломати ги развил по посетата на Скопје и Атина пред дваесетина дена.

По консултациите што двајцата преговарачи ќе ги имаат во текот на ноќта со своите влади во Скопје и Атина утре продолжуваат преговорите со заедничка средба на која се очекува да бидат поминати сите точки од според сите најави долгиот список на спорни прашања кои што ќе ги отвори медијаторот Нимиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top