По неколку години продолжуваат преговорите меѓу Куба и САД за повторно воспоставување поштенски услуги, прекинати пред половина век. Покрај поштенските власти на двете земји, во разговорите се вклучени и Стејт департментот и службата за американски прашања на кубанското МНР. Најчувствителното прашање на овие разговори е слетување на кубански авион на американска територија.
Кубанскиот министер за надворешни работи изјави дека и двете страни се согласни да продолжат разговорите во насока „да се најде начин за транспортот на писмата со регуларни директни линии во двата правци“. И Стејт департментот даде многу слично соопштение: “Целта на разговорите е за САД и Куба за да ги разработат деталите за пилот програма за директен транспорт на пошта меѓу двете земји.”
Двете земји немаат дипломатски односи, но задржани се мисии на понизок степен во главните градови.
Директните поштенски услуги меѓу САД и Куба се суспендирани од 1963 година. И покрај забраната, писма и друга пошта сеуште течат меѓу САД и островот оддалечен 90 милји, но преку други земји, како Канада, Мексико и Панама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.